Европскиот писателски совет (EWC), најголема европска федерација на писателски асоцијации со седиште во Брисел, годинава на 4 јуни во Берлин одржа Генерално собрание на кое едногласно беа примени 5 нови членки.
Во Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе се одржи премиера на перформансот, кој е всушност вториот циклус од танцовиот проект Танц. Трансформатор - Реобмислување на локалната танцова заедница, реализиран од Битрикс Културен Центар, преку „Платформа Битрикс“, а е поддржан од Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC).
Во рамките на Скопско лето 2023, вечер во ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена четврта самостојна изложба на уметникот Игор Поп Трајков насловена „Особеност“.
Бројни цркви, манастири, средновековни населби од овие територии се дел од научните истражувања во повеќе области - археологијата, историјата на уметност, етнологијата, историјата, лингвистиката.
Македонскиот камерен оркестар Профундис денеска ќе настапи на затворањето на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија.
Изложба на графики на Ана Трајковска ќе биде отворена вечер во локалот „На Струга Дуќан“ во струшката Чаршија во организација на НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.
Во Струмица вечер ќе биде отворена изложбата на цртежи „Бумбар и штикла“ на ликовниот уметник Миле Ничевски.
„Средба од десеттиот вид“ е насловена изложбата што заеднички ја организираат Културно-информативниот центар на Република Македонија и Националната академија на уметностите, Софија.
Тој напомена дека новина во законот меѓудругото е министерот за култура да може да склучи посебен договор или програма за повеќегодишно финансирање на одреден проект или активност на национална установа во согласност со законот за буџетите.
Енико Есењи, актерка и режисерка од Унгарија, синоќа во Сарајот во Ресен ја доби наградата за животно дело „Актер на Европа“ за 2023 година, која традиционално ја доделува истоимениот интернационален театарски фестивал.