Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци одбележува 70 години постоење и фолклорна дејност. Во рамки на одбележувањето на јубилејна седумдецениска активност наредните три дена ќе се реализира Меѓународен фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“.
Битолско културно лето вечер продолжува со музичко-сценската манифестација „Незаборав“ која по 13. пат ќе се одржи во овој град.
Во Меморијалната куќа „Христо Узунов“ во Охрид од денеска до 7 јули ќе се одржи изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Македонија.
НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“ од Жан Жене, во режија на Сибел Абдиу.
Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.
Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија во текот на месец јули организираат проекција на шведски играни филмови.
Во текот на следните денови писателот Жарко Кујунџиски ќе престојува во Италија, каде што ќе учествува на две јавни презентации на италијанското издание на романот „Америка“.
Станува збор за обемен избор од три понови стихозбирки на Христо Петрески, меѓу кои е и стихозбирката „Пергамент”, за која Петрески ја доби наградата „Ацо Караманов”.
Оркестарот на Македонската филхармонија вечер гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник.
Во Тетово од утре до сабота ќе се одржува 12-тото издание на тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА (TIFF ODA).