Фотомонографијата „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг вечер ќе биде промовирана во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
Јубилејното 20. издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во Бугарија - Софија, Перник, Пловдив и Варна. „Бизнисот на задоволството“ по проекциите наиде на одлични реакции и голем интерес.
Со доделување на наградите за најдобрите остварувања и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“ на Српско народно позориште од Нови Сад, синоќа во Прилеп беше спуштена завесата на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“.
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска и утре ќе се одржува првото издание на Стрип Трип Фестивалот Скопје.
На 18 јуни (недела) ќе следат филмот за „Леб и сол“ насловен како „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.
Граѓанската организација Пркос денеска ќе одржи промоција на нивниот нов проектм кој содржи триформатен пакет - видео, брошура и постер, за убаво однесување со децата со попреченост.
Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои пет награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
Претставата на битолскиот театар „My name is Medeja“ е најдобра претстава на годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 9 до 16 јуни се одржуваше во Прилеп.
Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе Предлог – спогодба со едно физичко и едно правно лице кои се товареа за кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“
Од 23-ти до 25-ти јуни, по петти пат тромеѓето на Преспанското Езеро е локација за автентичниот фестивал кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион.