Раде Наумчевски кој ја има улогата на Мирослав Кокањац вели дека толкува лик кој успева да го каже она што многу малку луѓе осмелувале да го направат.
Таа е задоволна што конечно е во штипскиот Театар и работи со ансамблот. Рано е да се каже како течат подготовките, бидејќи пробите само што започнале, но тимот се надева на успешен резултат. Премиерата би требало да се случи за дваесетина дена.
Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори.
Оваа програмска комбинација, според организаторите на фестивалот, несомнено создава услови за беспрекорно фестивалско доживување.
Во Битола пристигнаа 120 натпреварувачи од Србија, Албанија, Ерменија, Косово, Полска, Хрватска, Бугарија и Северна Македонија кои ќе учествуваат на 5. Меѓународен напревар за пијано, „Пијанофест“.
Во театарот „Чекори“, вечер со почеток од 20 часот премиерно во Скопје ќе биде изведена претставата „Драги уметници“, во режија на Маја Ѓурчевска.
Во Македонскиот народен театар вечер од 21 часот ќе се одржи „Поетроника“, музичко-сценски електронски акт изведен во живо од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе.
Во Националната галерија во Скопје вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ад Астра вол.2“ на Валмир Азири.
Единаесет уметници од земјава, под кураторство на претходните добитници на „Златната трига“, годинава ќе бидат македонски претставници на најголемиот светски настан за перформанс, дизајн и простор - Прашкото квадрианале 2023.
Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.