Ова е прва изложба на Glass Art во земјава на која што ќе бидат презентирани над 30 скулптури изработени од мурано стакло како и предмети од применета уметност и моден дизајн.
На изложбата насловена „Moon Light“, Вељановска ќе се претстави со новата колекција и со нејзиното творештво од повеќе фази. Таа е инспирирана од раскошот, магијата и егзотичноста на природата, од флората и фауната, од месечевата светлина и егзотичните птици.
Промоторката на книгата, проф. д-р Наташа Аврамовска, во својот осврт кон книгата рече дека секоја одделна песна во оваа книга отвора нови хоризонти на смислата.
Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска. Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во тие рамки, третиот ден на јубилејната манифестација, на 8 јуни, Кинотеката на Северна Македонија ќе се претстави со посебна програма која вклучува претставување на првите три македонски, кусометражни играни филмови снимени во далечната 1957 година.
Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда МИЗИЈА.
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе биде промовиран „Полиглот“ - најновиот роман на Игор Станојоски.
Посочи дека Музичката академија при УГД има низа концерти кои се одржуваат секоја година и додаде дека овој Фестивал за современа музика би требало во иднина да стане традиција и да се одржува секоја година во континуитет.
Тој ја повика министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска да информира дали е најден нов простор на Џез оркестарот.
Од 12 јули до 20 август, љубителите на уметноста, како што најави директорката, ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга.