Од печат излезе вториот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година, составен од 24 статии на 132 страници, вклучувајќи: пет прилози проза, седум прилози поезија, две интерпретации, седум рецензии и три прилози од рубриката Ѕвезди и протези.
Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.
Актерот Трајче Ѓоргиев ќе биде погребан утре попладне на градските гробишта Бутел. Комеморацијата ќе се одржи во вторник во Македонскиот народен театар во 12 часот.
Оркестарот на Филхармонија денеска ќе гостува во Ниш во рамки на седмиот Меѓународен фестивал за духовна музика „Музички Едикт“.
Современата теоретичарка, философка и уметница Марина Гржиниќ денеска во 13 часот во Музејот на современа уметност ќе одржи предавање „ПАНКОТ и поранешната југословенска ЛГБТКИА+ заедница во Словенија и пошироко: Распетлување на сексот и политиката во расниот капитализам“.
Песните од изборот, поделени во три циклуси кои претставуваат три фази во поезијата на Антоновски, од македонски на српски јазик ги препеал српскиот поет и прозаист, Рајко Лукач.
Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Бил дел од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989).
Македонскиот јазик од следната академска година ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав во Полска.
Режисерот, Христов на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за еден нов и необичен проект, во кој е карактеристична атмосферата, која го зачудува гледачот.