„Танец низ татковината“ се целовечерни концерти на целиот ансамбл кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Сите изведуваат атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно наследство.
Се чествува уште еден значаен јубилеј за македонистиката – триесет и пет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска.
„Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Владо Урошевиќ е „Роман на годината“ за 2022 година.
Претседателката на Институтот, Лидија Стојановиќ, во изјава за МИА, истакна дека станува збор за враќање на хармонијата меѓу човекот и природата.
Илјадници љубители на јапонската култура викендов присуствуваа на фестивалот Нихон-џи 2.0, со кој неформалната организација Japan@mk веќе втора година по ред ја доближува Јапонија поблиску до локалната публика.
За поголем дел од учениците ова не е прва изложба на која зеле учество. Преку вакви и слични изложби се остварува основната цел на ликовното ателје при Центарот за култура, а тоа е афирмирање на уметноста и младите таленти, како и изучување на нови сликарски техники.
Учениците на „Simply Art“ од Хонг Конг, Кина се избрани за најдобро школо учесник на годинашната светска детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и тие добија посебна Плакета од покровител на колонијата, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Ликовниот уметник Славчо Максимовски од Тетово вчеравечер во салата „Тоше Проески“ во Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб ја постави изложбата „Убавите жени“, а промотор на изложбата беше хрватската пратеничка Маријана Петир.
На свеченост во Битола, Богоевска истакна дека време е да се врати достоинството на професијата за да се каже: новинар – колку гордо тоа звучи.
Со оглед на тоа дека Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција, како надлежна за натамошно постапување.