Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика се добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година која ќе биде доделена денеска во 12 часот во Кинотека на Македонија.
Во рамките на 51 издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 вечерва со почеток во 20 часот ќе се изведе делото „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Крушево ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на манифестацијата „Град на културата“.
Во рамките на неделата на македонските автори, вечер во 19 часот, „Матица македонска“ од Скопје ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски.
Од Драмски соопштуваат дека освен актерите на театарот, на фестивалот ќе учествуваат ансамбли од театри од Шпанија, Турција, Хрватска, Албанија и од Косово.
Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал“ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати која денеска со почеток во 20 часот ќе биде отворена во Галерија МКЦ, а граѓаните ќе можат да ја погледнат до 5 јуни.
Промотори на книгите се Елка Јачева-Улчар, Бранко Цветкоски и Ирина Димовска.
Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска со почетокот во 17 часот, ќе се одржи дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“.
Како што информираат од фестивалот, во истиот термин од 13 часот мастерклас кој е од отворен тип ќе одржи илустраторката Николина Манојловиќ-Врачар. Таа ќе сподели дел од своето професионално искуство, а во 17 часот, ќе ја одржи и својата работилница насловена „Што сè“.
Изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева, насловена “Украс” ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Музејот на град Скопје.