Изложбата е по повод утрешниот празник посветен на светите браќа Кирил и Методиј, а е дел од проектот на штипскиот музеј со Министерството за култура
Во издание на „Арка“ од Смедерево во eдицијата „Мкедонски венец“ излезе обемен избор од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на над 300 страници под наслов „Извешати на Рисот и други песни“. Изборот е двојазичен, на македонски и српски јазик, во превод на поетот и академик Ристо Василевски.
Еден блок во осмиот број на годишното француско списание за литература „Апулеј“ му е посветен на Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање.
Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот.
Во НУ Центар за култура-Битола од денеска е отворена државна изложба со детски ликовни творби работени на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, Владата на Република Северна Македонија организира дводневно свечено одбележување на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.
Талентираните ученици се добитници на повеќе престижни награди на меѓународни музички натпревари. Веќе членуваат во ансамбли, а бележат и завидна солистичка концертна дејност.
Во спомен- музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочени, општина Пустец, утре ќе биде промовирана книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ.
Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишa петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што се доделува за најдобар необјавен роман на годината.
Со читање извадоци од збирката „Лондонски Разгледници“ промоцијата беше збогатена со настап на делчевското Експериментално театарче.