По повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите, вчера во музејот на Стерјо Спасе во село Глобочани, општина Шустер, Албанија, беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник, објави македонската амбасада.
Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски на протестот упати апел за средба со премиерот Димитар Ковачевски за побрзо надминување на овој проблем.
Македонската авторка Јулијана Величковска настапи на Интернационалниот поетски фестивал што се одржува во во Корк, Република Ирска од 16 до 20 мај.
Амбасадата на Шведска утре ќе организира настан на Школка во градскиот парк во Скопје насловен „Добри вибрации – Музика и иновации“. Во фокусот ќе бидат шведската музика и иновациите.
Домашните илустратори беа избрани на конкурс што фестивалот го распиша кон средината на март. На повикот се пријавија 30 автори. Фестивалот ќе откупи најмалку по едно дело од петтемина избрани уметници.
Претставата на Струмичкиот театар „Пчелите ќе умрат“ вечер ќе биде изведена на 11-от Меѓународен фестивал „НЕТА-Нова европска театaрска акција“ што се одржува во Враца, Бугарија.
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовиран новиот роман на Трајче Кацаров, насловен „Увозникот на бели ноќи“.
По повод Светскиот ден на културните различности, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска во Паркот на франкофонијата – Мобилна галерија ќе го одржи настанот „Турлитава – заедно е послатко“.
Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции.
Со поддршка на Македонско – хрватското друштво од Тетово, концептот за „Убавите жени“ инспириран од песната на Блаже Конески, кој содржи 29 фотографии на македонски жени, ќе биде претставен и пред хрватската јавност.