Според него креирањето амбиент во кој лицата со попреченост ќе ги имаат сите права претпоставува и нивно партиципирање во политичкиот живот и во процесите на одлучување.
Агенцијата за филм на Македонија соопшти дека и оваа година ќе биде присутна на Канскиот филмски фестивал, кој се одржува од 16-ти до 27-ми мај.
Слики портрети, пејзажи и апстракција, во акрил и комбинирана техника, се дел од изложбата на академскиот ликовен уметник Горан Боев, која денеска беше отворена во Вински музеј Кавадарци.
Во Музејот се изложени 9.000 експонати, а има и неколку поставки. Бети Иванова, етнолог, посочи дека на денешната изложба можеа да се видат мали цртежи до најситен детал на мали парчиња хартија од сликарот Иван Сулев.
Во Прилеп од печат излезе новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, кое е прв број за оваа година. Списанието ги донесува редовните рубрики.
Уметничкиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Трајче Кацаров вели дека ова е втор ваков симпозиум кој се организира од оваа национална установа.
Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе биде отворена изложба на графики и цртежи на графичарот Димче Николов. Со оваа изложба, КИЦ свечено ја обележува 70 годишнината од неговото раѓање
Во Центарот за современи уметности во паркот Франкофонија во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Во Цут“ на дизајнерот Горан Костовски. Изложбата се состои од платна, слики и графики цртани изминативе две години.
Во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“, од денеска почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар во Скопје.
„Музеи, одржливост и благосостојба“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај. Како што е најавено, музеите во земјава традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите.