Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија од денеска организира „Саем на книгата 2023“ на кој своите изданија ќе ги претстават македонски издавачки куќи, информираа од гевгелиската библиотека.
По повод празникот Охридскиот завод и музеј ги повикува сите кои се во можност, а посебно помладите генерации да ја искористат оваа прилика да се запознаат со значајното културно наследство со кое располага Охрид.
Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица вечер премиерно ќе се одигра претставата „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Ангелов.
Педесетина матуранти презентираа матурски фустани и облека на модната ревија „Матурска рапосидија“, што се одржа вчера во лапидариумот на Националната установа Музеј на Куманово. Преку ревијата беа презентирани модните трендови од 60-тите години на минатиот век.
Изложба на академскиот сликар Горан Боев ќе биде отворена денеска во Вински музеј Кавадарци, по повод Светскиот ден на музеите. Ќе бидат изложени неговите најнови ликовни дела.
Утревечер започнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ џез“ и ќе трае до 20 мај. Трите фестивалски вечери ќе се одржуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар.
Влезот во НУ Музеј на македонската борба за самостојност утре ќе биде слободен во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај. Музејот ги поканува сите заинтересирани да ја посетат постојаната поставка во редовното работно од 10 до 18 часот.
Во Големата сала на Филхармонија вечерва ќе настапи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе.
Штерјов најави в четврток со отворен ден ќе се одбележи и Меѓународниот ден на музеите. Бесплатно ќе може да се посети музејот, но и изложбата којашто ќе биде организирана.
Агенцијата за филм на Република Македонија врз основа на донесена одлука од страна на Управниот одбор поднесе кривична пријава против продукцијата „Банана Филм“ – Скопје.