Претставата е работена според текст на српскиот драмски автор Мирољуб Недовиќ. Преводот на драмскиот текст, адаптација и режијата се на тетовецот Мирко Видоески.
Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово со пригодна активност го одбележи денешниот 5 мај– Ден на македонскиот јазик. Реферат „5 мај – Ден на македонскиот јазик“, прочита библиотекар Габријела Ристоска.
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма се вклучи во активностите за одбележување на Денот на македонскиот јазик и азбука.
Една од ѕвездите на фестивалот е познатиот илустратор од Хрватска, Доминик Вуковиќ кој работеше на визуелниот идентитет на „Литера 2023“. Неговата визија за „Свет со љубов“ ќе провејува низ целиот фестивал, соопштија од „Литера“.
Во Националната опера и балет ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во организација на Министерството за култура.
Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.
Проекција на трилогијата „Во потрага по главната улица Америка“ од авторот Наум Пановски ќе се одржи денеска во просториите на КСП Центар - Јадро во Скопје, по што ќе следи и разговор помеѓу авторот Пановски и филмскиот критичар Благоја Куновски - Доре.
„Ванѓа Чашуле“, наградата за книжевен превод од шпански и португалски јазик, ќе биде доделена денеска на штандот на ТРИ на Саемот на книгата.
Во Солун вчера свечено беше отворен 19. Саем на книгата, на кој учествува и македонската авторка Румена Бужаровска, чија книга е преведена на грчки јазик, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што нагласува организаторот, настанот е од отворен карактер.