„Вселена.Човек.Интелигенција“ е интерактивна изложба, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот. Од 3 април се прикажува во Скопје, а ја посетуваат ученици од основните и средните училишта од целата земја.
Изложбата „Неизложени дела на хартија“ во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци вели дека е задоволен и од отворањето и од реакциите на посетителите.
Деновиве од печат излезе стихозбирката „За сите времиња“ од Братислав Ташковски. Издавач е ПНВ Публикации од каде што потенцираат дека се работи за врвно поетско дело на еден од бардовите на македонската поезија.
Американскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ ќе настапи на 5 мај, во 20 часот, во Драмски театар - Скопје.
„Македоника литера“ го објави романот „Адела“ на романскиот писател Гарабет Ибраилеану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.
Музичкиот спектакл „Girls Night“, кој е фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке во изведба на четири млади актерки: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви ќе се одржи утревечер во „Јавна соба“.
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамки на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Другарче“ од Питер Колвајк.
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 година и промоцијата на победничкиот роман – „Зелениот дворец“ од авторот Сибо ќе се одржат вечер, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
Книгата „Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов“ на проф. д-р Милан Јазбец утревечер ќе биде промовирана во Домот на Армијата.
Во Македонскиот народен театар денеска премиерно ќе биде изведено најновото кореографско остварување на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар, претставата „Леди Магбет“.