Министерот Зоран Љутков денеска на прес-конференција рече дека конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што, како што рече, се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор во културата“.
Ова е прва претстава на македонски јазик, која учествува на фестивалот, по еден подолг период, што со посебно внимание ја проследија дебрани од сите националности.
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио”, ќе има светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал”, што ќе се одржи во Шпанија.
Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.
„Патеката на славните“ на Широк сокак во Битола е збогатена со ѕвездите на кинематограферите Џон Сил од Австралија и Крис Менџис од Англија.
Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“.
Бендот „Дивље јагоде“ вечерва во Скопје ќе одржи концерт на кој ќе го претстави новиот албум „Прати моје старе трагове“.
Моника Зафировска е добитникот на годинашната награда „ВАВИЛОН - Нова генерација“ за најдобар студентски превод што ја додели вчера Делегацијата на ЕУ во земјава, во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците.
Ансамблот „Танец“ ја реализираше својата концертна турнеја во главните градови на Црна Гора, Словенија и Хрватска и уште еднаш потврди зошто 75 години е амблем на македонската култура, синоним за извонредност во регионот
Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.