Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“ - меѓународна награда што ја доделува фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот
Во Флорида, САД, синоќа на 77 години почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист
Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата со наслов „Нашата визија за алтернативни живеалишта во хармонија со природата“ ќе биде отворена вечерва во 19:30 часот во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје
Интерарт културниот центар ја најави програмата за фестивалот Танц Фест Скопје 2023 под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“. Ќе бидат претставени 19 кореографи од земјава, како и од Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Грција, Словачка, Романија, Шпанија и Кина
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Размислувања без пардон“ од проф. д-р Стефан Влахов-Мицов
Конкретно, како што соопштија од МСМЈЛК при УКИМ, објавена е антологиската песна „Љубов“ од поетската книга „Ветрот носи убаво време“, која сега за првпат е достапна во превод од македонски на француски
Во рамки на програмата, со која се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на „Златниот венец“ на годинашното, 62. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“
Во рамки на програмата, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје вечер проф. д-р Лидија Дракулевска-Капушевска ќе ја промовира книгата наслови „Простори на љубовта“ од поетесата Сузи Тенева, а стихови ќе интерпретира уметникот Ѓорѓи Јолевски
Во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес попладнево беше промовирана стихозбирката „Развојни вредности“, 11-та по ред книга на велешкиот автор Божидар Јовиќ.