На отворањето на поставката присуствуваа претствници од јавната сфера, академската заедница, од верските заедници, дипломатскиот кор и други гости.
Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ ја смееше тетовската публика речиси два часа, а монологот на актерката Наташа Петровска често пати беше проследен со аплауз
Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите денеска ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“
Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е избран во официјалната селекција на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД.
Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вчеравечер е отворена заедничка изложба на млади сликари од Албанија и Северна Македонија.
Писателот Гоце Ристовски е добитник на меѓународна награда за драмски автор што ја доделува Меѓународниот театарски фестивал што се одржува во Анадолија, Турција.
Македонската изложба „Првите кралеви на Европа“ со раритетни предмети ќе биде поставена во Филдовиот Музеј во Чикаго, со што продолжува турнејата во Северна Америка што почна во 2022 година, а ќе заврши во 2024 година.
Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија
Претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола ќе информираат за големото отворање на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“
Актери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година