Во издание на „Македонска реч“ објавен е првиот том од Избрани дела на Горјан Петревски кој е омилен раскажувач на тинејџерите, но го читаат и возрасните.
Традиционално, и овој Бадник, Здружението „Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објави Божикен спот.
Во декември, кога вратите на театарот пак се затворени за публиката, ансамблот работи на претставата за деца „Шумската болница“ и други претстави, но засега не знае кога ќе бидат изведени во живо на сцената, а што ќе зависи пред сè само од ковид-состојбата.
По повод големиот празник Христовото раѓање-Божик, на задоволство на верниците подготвен е видео запис за новата божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово е отворена изложбата „1000 години Бигорски манастир“ која опфаќа фотографии, реплики од икони, фрески и плаштеници
Традиционалниот концерт по повод празникот Василица ќе се одржи и оваа година на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот во Националната опера и балет
Со мултимедијална шестчасовна програма во живо, насловена „Чао 2020“, Младинскиот културен центар ја испрати 2020 година
Во рамките на едицијата „Приказни што нѐ обединуваат“, поддржана од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во издание на „Паблишер“од печат излезе книгата „На големото корито“ од Софи Дол, во превод на македонски јазик на Офелија Ковилоска
Конкурсот за наградата „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, трае до 15. месецов
Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин по повод божикните празници ќе има подари „Мироносни цвеќиња“ на сите новороденчиња во земјава што ќе се родат на Божик – 7 јануари 2021 година.