Во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, денеска од 17 часот ќе биде промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“ од Бранко Стојановски
Оркестарот на Филхармонијата денеска ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените
Во КСП Центар - Јадро денеска ќе се одржи презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска
Тие се пријавиле но не добиле позитивен одговор на Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година.
Според здружението „Бран 2010“, Скоти ја добил плакетата за неговиот придонес во афирмацијата на македонската литература и култура во Италија и Хрватска.
Фестивалот „Оф-фест“ лани добил два милиони денари, но во 2019 година добил поддршка од еден милион денари. Со користење на правниот механизам жалба, добил уште дополнително еден милион денари средства за реализација на програмата, односно два милиони денари.
Во однос на реакцијата на фолкористот Марко Китевски за недобивање поддршка за издание на одбрани патриотски песни, министерката рече дека оваа година имаме многу голем јубилеј -120 години Илинден и тој е поддржан и со изданија и со многу други проекти.
Според неа, секој квалитетен проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи
На првото издание на анонимниот конкурс за краток расказ „Тврдоглави”, наменет за млади писатели на возраст од 16 до 26 години, пристигнаа 206 раскази, а наградени се расказите „Хектор“,„Тринастега” и „Кучешки празник“, информираат попладнево организаторите на конкурсот
Во свечениот амбиент на „Понтификалниот институт за ориентални студии“ во Рим, вчеравечер се одржа проекцијата на документарниот филмот „1000 години - Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во авторство и режија на Илија Ико Каров