Пет преведувачи со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици влегоа во последниот круг на селекцијата за наградата за најдобар превод „Драги“.
Македонската филхармонија в четврток (26 септември) ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на Кнежев двор.
На промоцијата присутни се градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамески и Милтон Манаки, внук на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки.
Долг и тежок е процесот да се одлучи кој филм е најдобар, истакна на прес конференција во Битола, Џон Сил, претседател на стручното жири на ИФФК „Браќа Манаки“.
Прилепскиот Завод и музеј ги заокружува првите конзерваторски работи на агората, средиштето на античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов.
Книгата ќе им овозможи на Македонците што живеат во Словенија да го читаат Шопов и на словенечки и на македонски, а на оние што послабо го владеат мајчиниот јазик, да се доближат до оригиналите преку словенечкиот јазик, како што забележа министерот за култура Зоран Љутков.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на синоќешното свечено отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки.
Во присуство на претставници на власта и институциите, дипломатскиот кор, дијаспората и голем број на граѓани во преполната голема сала на КИЦ "Будо Томовиќ" се одржа спектакуларен концерт на "Танец" во Подгорица.
Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“.