Беседата „Прличев и ние“ под шифра „Гроф“ е најдобра на конкурсот што охридската библиотека „Григор Прличев“ го распиша во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2023 година.
Во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или објавен е краткиот роман „Зашеметен“ од познатиот швајцарски писател Лукас Берфус. Преводот од германски е на Ксенија Чочкова и е поддржан од преведувачката мрежа Традуки.
Наградите за најдобар индивидуален пристап во ликовната уметност им ги додели Школа за детска ликовна уметност „Мудра“, а ликовните творби се изложени во изложбениот салон на Факултет за ликовни уметности при Универзитет Барода во Индија.
Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распиша конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст.
Со концерт на Камерниот ансамбл „Нонет +“ што синоќа се одржа во Офицерскиот дом во Битола, започна одбележувањето на 60-годишнината од постоењето на Музичката младина на Македонија.
Свечено се затвори Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК), која беше во чест на Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање.
После„Јад“ Ценевски се врти кон документарниот филм и по сценарио на поетот Анте Поповски, кој во тој период застанува на чело на „Вардар филм“, реализира серија портрети на венцоносците на Струшките вечери на поезијата.
Таа нагласи дека цртежите се дадени како почетна идеја за реализација на подоцнежни визуелни решенија, но дел од нив се конципирани како комплетни автономни завршени ликовни дела, способни независно да егзистираат во просторот.
Со изложба „За мене не постои друг избор” и пригодни обраќања денеска во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.
За време на фашистичката чума, група дипломати предводени од Александар Ладош (1891-1963), полски амбасадор во Швајцарија од 1940 до 1945 година, оперирале во Берн, Швајцарија.