Во Музејот на Македонија од денеска е отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите”, каде посетителите имаат можност да видат презентација на предмети од минатото, со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде се санира покривната конструкција
Лутината е најмалку разбрано човечко чувство. Оваа емоција е тешка за скротување, може да биде корен на многу наши дисфункционалности, но и извор на нашата лична моќ. Таа е во фокусот на новата книга од областа на популарната психологија „Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ“ од м-р Билјана Велковска, која беше промовирана вчеравечер (20 октомври), во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“
Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе биде промовирана сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова
„Курирање на јавното, курирање на заедничкото“ е насловен годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, што ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност во Скопје
Во НУ Музеј на Република Македонија денеска напладне ќе се одржи промоција на проектот „The light of jewelry through the centuries“ или „Светлината на накитот низ вековите”
Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концерт на Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С и квартетот Куарем
На сцената на Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе биде изведена „Норма“, ремек-делото на Винченцо Белини, која се смета за една од водечките белканто опери во светската оперска литература
Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, со свој штанд учествува на Саемот на книгата во Франкфурт, кој е најголем во светот, „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот на престижната „Invitation program“ заедно со 20 издавачи од целиот свет
Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност (ИНАКУ) од Скопје подготвува две конференции