Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада.
Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември.
По повод завршетокот на Летната школа, 65 македонисти од 17 земји, кои зедоа учество, порачаа дека македонистичката мисијата ќе расте, а посеаното македонистичко „семе“, ќе се умножува кон светот.
Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди.
„Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ е насловот на првата Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Пекиншкиот јазичен универзитет изминатите три дена се одржуваше во Охрид.
Прашан дали се предвидени покачувања на плати на културните работници, Љутков рече дека се што е уредено со закон треба да биде испочитувано.
Љутков за време на посетата оствари средба со в. д. директорот на установата Јовица Никчевски.
Откако ќе биде направена анализата во 2025 година, Љутков најави дека ќе бидат отворени постоечките работни позиции.
Струшкиот поет Димче Шипинкаровски доби меќународно признание и сертификат за посебен придонес и афирмација на македонската и црногорската книжевност од Меѓународното здружение „Неказано“ од Бар, Црна Гора.
Маја Неделковска-Брзанова е нова директорка на Националната галерија. Таа доаѓа на позицијата на Дита Старова Ќерими, која ја водеше националната институција од 2015 година.