Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер со почеток во 20 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ со дела од македонскиот уметник Симон Узуновски. Изложбата во МСУ ќе биде отворена до 25 октомври 2022 година
Магаренцето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион
Младите пијанисти од Крива Паланка од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски освоија неколку први награди на првиот интернационален пијано фестивал во Штип, а талентираниот Теодор Смиљков како прворангиран учествуваше и на концертно претставување на втората фестивалска вечер
Од денеска до сабота, Центарот за култура АСНОМ во Гостивар ќе биде домаќин на театарската уметност. Годинава на шестото издание на меѓународниот фестивал „Отело“ ќе бидат поставени шест театарски претстави од домашната и странска продукција
Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14-ти септември (среда), во кафе-книжарницата „Буква“ (со почеток во 19 часот), белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград
Четири филмови наменети за тинејџерската и детската публика од утре до 16 септември ќе се прикажуваа во киното „Манаки“ во Битола во рамките на офф-програмата на битолското културно лето „Бит Фест 2022“
Четири проекции на документарни филмови од утре до 17 септември 2022 година ќе бидат прикажани во регионот на Преспа, во рамки на Патувачкото кино на „МакеДокс“
Драмски театар – Скопје на театарскиот фестивал „Театар на крстопат“ (Театар на раскршќу) во Ниш освои две престижни награди, награда за најдобра претстава и награда за режија
„Фамилија – род – семејство“ е тема на годинашната ревија на народни носии што на 17 септември ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“
Публицистот Душан Синадиноски ја објави книгата „Леген-град генезата на неговиот идентитет“ кој објаснува како настанало преданието во кое се раскажува дека Лешок бил град и се викал Леген