Со целовечерен концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и во присуство на гости од Србија, Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“ синоќа одбележа 75 години постоење
Во рамки на 25. Скопје филм фестивал, вечер во Кинотеката ќе бидат прикажани филмовите „Корсет“ и „Римини“
Невладината организација Хрватско-македонска тангента организираше културен маратон со голем број содржини за третите Денови на македонската култура во Шибеник, по повод Денот на независноста – 8 Септември.
Посакувајки им долг и среќен заеднички живот со многу дечиња, Трајковски упати срдечни честитки до главните актери на манифестацијата која покажува дека свадбарските обичаи сè уште се живи и се почитуваат.
Публиката имаше можност да го види извонредниот годинашен кански победник „Триаголнник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Уште една проекција на филмот ќе се одржи во четврток (15 септември) во 22 часот.
Драмски театар – Скопје со претставата „My name is Goran Stefanovski” – „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ денеска ќе гостува на третото издание на фестивалот „Театар на раскршќу“ во Ниш
Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечерва ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба
Мурал „Гроздоберачка” доби Вински музеј Кавадарци, на фасадата на објектот што се наоѓа во кавадаречкиот градски парк.
Штип денеска и утре ќе биде домаќин на првиот фестивал за млади пијанисти кој има меѓународен карактер. На фестивалот ќе настапат млади пијанисти – победници на многу интернационални пијанистички натпревари, а воедно и прворангирани во различни дисциплини на Golden Piano Talents – онлајн натпревар на кој учествуваа над 300 пијанисти од сите континенти. Фестивалот ќе се одржи во уметничката галерија „Безистен” во Штип
Потребно е зацврстување и унапредување на соработката помеѓу Прага и Македонија во областа на културата, заклучија младите уметници и студенти кои живеат во Чешка, на средбата со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска