Пред присутните во Куршумли-ан, на отворањето на фестивалот се обратија Сара Ферро и Павле Игновски од екипата на „МакеДокс“.
Сараевскиот филмски фестивал вечерва се затвара со најновиот филм на Пјер Жалица,“Празник на Трудот”, каде Сестри и брат Митевски Продукција се појавува како македонски копродуцент. “Празник на Трудот” беше поддржан како малцинска копродукција од страна на Агенцијата за филм.
Заврши ликовната колонија „Куманово 2022“, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово
Пред платото на Дом на култура „Лазар Софијанов” во Кратово, вечерва ќе се одржи првото издание на „Коритон фест”
Кинематограферите од светот од денеска до 26 август ќе бидат на Фестивалот „Браќа Манаки“ чие 43. издание ќе се реализира во битолскиот Центар за култура, Офицерски дом, кино „Манаки“ и летна тераса на КИЦ-Битола
Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“
Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август
Во организација на „Парко продукција“ од денеска до 21 август во градскиот парк во Битола ќе се одржи првото издание на Парко 2047 Фестивал
Манифестацијата, како што најави денеска на прес-конференција програмскиот директор Јулијана Величковска, ќе почне на сред село-на чешма, а во фокусот ќе биде поетскиот портрет на македонската поетеса, есеистка, преведувачка и добитничка на бројни награди, Лидија Димковска
Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва е на класичниот репертоар на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Членовите на овој состав, виолинистите Петер Олафсон и Пер Оман, Тони Бауер на виола и Матс Олофсон на виолочело ќе концертираат во црквата „Света Софија“ од 21 часот