„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата „Научната фантастика во македонската книжевност за деца и млади“ на Јованка Денкова
Во Културно-информативниот центар, вечер ќе биде отворена изложба на дела настанати на првото издание на меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“, што се одржа од 6 до 10 јули во Скопје, под мотото „Да растеме заедно“
Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 27 август ќе ја изведе претпремиерата на својот проект „МАКЕДОНИСИМО“ во родното место на неговиот татко, струшко село Збажди.
Од 19 до 26 август во Битола ќе се одржи годинешното 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кој ќе бидат прикажани филмови од долгометражна, краткометражна, документарна и студентска програма
Под мотото „Никваш да не се пофторит, ама и да не се заборајт” во мултикултурниот центар „Коста Србакоски” во Вевчани беа прославени 35 години од „Вевчанскиот случај”
Расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „Сина планета 369“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2022 година, што општина Охрид ја доделува по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“
Со промоција на книги од циклусот „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ и концерт на камерниот мешан хор „Свети Климент Охридски“ при истоимениот Соборен храм од Скопје, вечер продолжува програмата на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“
Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ од 25 до 29 август во Струга ќе се одржи 61. издание на најпрестижниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата
Во „Куќата на Уранија“ во Охрид вечерва ќе биде отворена изложбата „Четири елементи“, мозаици од академик Газанфер Бајрам
На програмата на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ вечер од 21 часот на летната сцена кај музејот на НОБ на Гумење во Крушево концерт ќе одржи Влатко Груевски со својот соработник Андреј Наунов