Во издание на здружението „Диван“, а со подршка на Министерството за култура деновиве излезе од печат новиот роман „На пола пат“ од авторот Алија Авдовиќ
Лекциите од Втората светска војна за жал, остануваат ненаучени кога станува збор за Ромите. Ние уште се соочуваме со дискриминација, антициганизам и говор на омраза
Унгарскиот флејтист Јанош Балинт и Владимир Милошевиќ пијанист од Србија вечер ќе настапат во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“
Скопскиот поетски фестивал, чиешто второ издание ќе се одржи од 29 август до 1 септември, годинава организира преднастан „Отскочна даска“
Во Битола денеска почнува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ кој годинава се одржува под мотото „Per astera ad astra“ или „Патот до ѕвездите е трнлив“
Со проекцијата на македонскиот филм „Хомо“, вечер од 21 часот продолжува богатата програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
Крушевскиот манифест и Декларацијата на АСНОМ се четива со европски вредности, достојни, и денес, и за проучување и за почитување. Воедно, сите наши Илинденци испратија и јасна порака до целиот свет дека – „Македонско име нема да загине“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја предводеше владината делегација на одбележувањето на Илинден во Смилево
Триото составено од пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас е основано во 2016 година во Прага
Девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми ќе бидат прикажани на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ што ќе се одржи од 5 до 7 август во Стар Дојран
Киевскиот академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ со Шекспировата „Кротењето на опаката“ вечер ќе настапи на „Охридско лето“ во рамки на драмскиот дел од фестивалската програма. Режијата е на Викторија Шевченко