Издавачката куќа „Готен“ вечерва во кафе-книжарницата Буква ќе ја престави изложбата „Скопски колажи“, како еден вид на омаж на Валентина Бахти која се состои од писма и колажи
Евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Чешка во земјава, Јарлослав Лудва вечерва се домаќини на Европската вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ Струмичкиот регион, а магаренцето, заштитниот знак на киното, посети пет села во струмичко каде се одржаа исто толку проекции на филмови
Ребалансот на буџетот веќе е изгласан. Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмската продукција за 33 проценти, веднаш реагиравме до Владата и до кабинетот на премиерот. Сега имам и официјална информација дека кратење на буџетот ќе биде од 17 до 18 проценти, посочи директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски
Долгометражниот филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе учествува на годинешниот Венецијански филмски фестивал. Станува збор за прво учество на нашата држава со мнозински проект, во една од официјалните натпреварувачки програми по речиси триесет години
Познати светски диџеи и годинава ќе настапат на фестивалот „Охрид колинг“ што од 29 јули до 1 август ќе се одржува во Касарната во Охрид, во организација на Авалон продукција
Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија. Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев
Чешките уметници Леош Цепицки и Иван Вокач вечер ќе настапат на „Охридско лето“ во рамки на традиционалната Вечер на ЕУ
Филмовите „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал ја добија наградата голем бран за најдобро филмско остварување на годинешното издание на фестивалот на нов европски филм – „Beach Film Festival“ што се одржа од 20-ти до 24-ти јули во Охрид
Во Уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен вечер ќе биде претставена групната изложба „Слобода?!“, која е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Македонија во Софија