Првите денови од календарската година, Кинотеката традиционално им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите и за нив подготови програма од средината на јануари
Во хрватскиот град Ѓаково излезе од печат двојачичната збирка поезија „Кршлива, скршена и други начини како да се остане цела“ на стружанката Бистра Кумбароска
За прилепските археолози 2021 година донесе големо откривање на тајните на минатото, а најмногу од сѐ, им даде можност оваа и наредните години прецизно да ги изнесат фактите како се живеело на овие простори
„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет
Националната установа Народен театар-Битола минатата 2021 година непречено за себе може да ја нарече „Златна година“ затоа што одамна не се случило во една година да бидат освоени и поставени толку многу одличја во витрините на театарот
Излезе од печат романот за деца и тинејџери „Олгица и дедото вреден милиони“, од романскиот писател Алекс Молдован. Романот е во издание на „Бата прес“
Како што соопшти СОКОМ, Меморандумот за соработка, потпишан од претседателката на СОКОМ, проф. д-р Валентина Велковска -Трајановска, произлегол од заедничката иницијатива на директорката на НУБ, Јелисавета Костадинова и м-р Елени Новаковска, раководител на музичката збирка при НУБ.
Во Домот на култура во Ростуше се одржа промоција на збирката детски творби на учениците од ОУ ,,Јосип Броз – Тито‘‘ од Жировница, насловена „Жуборења од Радика“
Уметникот, карикатурист и стрип-мајсторот Златко Крстевски е добитник на специјална награда од меѓународниот „Икчу арт фестивал“ што се одржа во турскиот град Измир
Библиотеката „ Илинден“ од Делчево распиша литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“. Конкурсот, како што информира директорката Билјана Петровска, е дел од соработката со Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, а по повод 150 години од раѓањето на великанот и патронот на градот, Гоце Делчев