Според режисерот Ангелов, „Викторија“ или да погледнеш во грозното лице на вистината, е гледачите да ја чујат целата вистина, колку и да е непријатна.
Концертот на Пијан Славеј на „ОФФест“ е прво претставување во живо на неговата нова музичка авантура во која учествуваат и Пеце Трајковски (хармоника), Андреа Мирческа (контрабас), Мартин Џорлев (клавијатури) и Мартина Баракоска (тапани).
Во Дом на млади во Штип вечер премиерно ќе биде изведена театарската претстатва „Колку убав погреб“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.
Во пресрет на големиот празник 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Градот Скопје денеска во Музејот на град Скопје беа отворени изложбите „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ и „Скопска градска општина“
Во присуство на многубројни гости од домашната културна сцена, вчеравечер (11 ноември), во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана првата прозна книга на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“.
Тимот на Младински културен центар го најавува 46-тото издание на Млад отворен театар – МОТ, во два блока – од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември изведби во живо, односно, целосно физичко издание на фестивалот со програма од 26 внимателно селектирани претстави
Македонскиот центар ИТИ/Продукција објави превод на македонски на драмскиот текст „Како зрно песок“ на италијанскиот драмски автор и театарски режисер Масимо Барила
Документарниот филм „Сеќавање“ на уметникот и професор по фотографија Роберт Јанкулоски, синоќа беше промовиран во новото битолско кино „Манаки“
Друштвото на ликовни уметници на Македонија, под покровителство на Град Скопје, денеска во уметничкиот центар „АРТ ХАБ“ ќе ја отвори изложбата „Нови енергии“ која е посветена на младата генерација уметници – членови на ДЛУМ
Изложба „Скопска градска општина“ од авторката Јасмина Дамјановска, ќе биде отворена утре во Музејот на град Скопје по повод 13 Ноември – Ден на ослободување на градот Скопје