Изложбата е кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамки на програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија - ДЛУМ, кој има за цел да обедини повеќе различни ликовни стилови, знаци и пораки.
Тетовскиот театар утре и в сабота, со почеток од 20 часот ќе ја реализира премиерата на претставата „Тартиф“ според Молиер во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Претставата ќе биде изведена на македонски јазик во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.
Во Битола почна 23. издание на фестивалот „Битола отворен град“, кој продолжува да биде промотор на урбаната култура, славејќи ги креативноста, музиката и духот на заедницата.
Кинотеката на Македонија соопшти дека во месец јули ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.
На сцената на Драмскиот театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Фирма“, во рамки на 45-то издание на фестивалот „Скопско лето“. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а текст е на авторот Роланд Шимелфенинг.
Изложбата која ќе биде отворена вечер е резултат на заложбите на тројца уметници - Вини Хербстајн од Глазгов/Амстердам, Филип Јовановски од Битола/Скопје и Ану Вахтра од Талин, а е курирана од Ивана Васева од Скопје.
Младите македонски поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова од утре до недела ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб.
Академик Зузана Тополињска денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше одликувана со Орден за заслуги на Република Полска, едно од највисоките државни признанија.
Во Галеријата Матица во Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на Вернон Џонс (Велс, Обединето Кралство).
Ова е само мал извадок од „(Пре)врски" - препознавање нарцисоидна злоупотреба, првата книга на новинарката Слаѓана Васовиќ што утре ќе излезе од печат.