Со наградата им се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава
Првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“, синоќа, го отвори филмскиот фестивал во Брач, Хрватска
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на гитарското дуо Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ од Црна Гора
Следејќи ги светските трендови на организирање, снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност, иницирана е платформата KOLOVRT FESTIVAL, која ќе промовира локации со голема антрополошка и географска вредност, каде ќе настапуваат артисти (ди-џеи), кои продуцираат електронска музика
Фестивалот на Европски авторски анимиран филм „Flipbook Film Festival 2021“ почнува денеска и ќе трае до недела
Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за култура Ирена Стефоска, преку социјалната мрежа „Фејсбук“, изразија жалење и сочуство за смртта на актерката Сабина Ајрула Тозија.
Годинашната 33. „Поетска ноќ во Велестово“ е посветена на поезијата на Ристо Лазов и ќе се одржи од 20 до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид
Од 15 август до 5 септември во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржуваат 54. Летна школа и 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Под мотото „Вевчани за Блаже Конески“ денеска во Вевчани почнува 10. Вевчанско културни лето „ВЕВКУЛ 2021“, во чии рамки ќе бидат одбележани 100 години од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески
Долгометражен документарен филм посветен на доајенот на македонската и албанската театарска сцена Бајруш Мјаку утре премиерно ќе биде прикажан на ДокуФест во косовскиот град Призрен