Кореографката и танчерка Матеа Киселичка е добитничка на престижната награда „МЕНАДА за млад уметник 2021“, доделена од стручниот совет на Танц Фест Скопје, кое го сочинуваат долгогодишните соработници на фестивалот, Љупчо Јолевски, Билјана Илиќ Геровска и Билјана Несторовска
Вечерва, во 20:30 часот, свечено ќе биде одбележан крајот на 11. Филозофски филмски фестивал со традиционалното доделување на наградите „ЗЛАТЕН БУВ“
КСП Центар-Јадро вечер од 20 часот во кафе-книжарница „Буква“ ќе почне серија презентации посветени на македонските визуелни уметници. Ќе бидат организирани 10 предавања/презентации на кои уметниците ќе направат преглед на своето творештво или ќе претстават избор од своите најрепрезентативни проекти
Околу 230 илустрации што со децении красат сликовници, детски книги, учебници, детски списанија, 40-тина книги ќе бидат дел од првата ретроспективна изложба на дела на илустраторот Младен Туниќ, што ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Чифте амам во Скопје
За време на пролетниот саем на книги во Софија, поради голем интерес беше претставена книгата „Средби со ѓаволот“ од Сашко Насев, македонски писател и драматург и промоција на проза создадена од 1990-2020 година
Оркестарот на Филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта
Со изложбата на доајенот на македонската илустрација за деца, Младен Туниќ во Чифте амам, денеска ќе биде отворено третото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Фестивалот ќе трае до 31 октомври
Промоција на новите книги за деца и млади на македонските автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски во кои главните ликови се Стела и Сани, ќе се одржи денеска во Градскиот парк на Школка
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“
Од 31 мај до 3 јуни претставници на седум партнери од пет држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Македонија, учествуваат на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоција и дисеминација на богатото културно наследство