Документарниот филм „Кеиф“ (Македонска чалгиска традиција) ќе има проекција во рамките на Филозофскиот филмски фестивал со почеток од 21.00 часот во летното кино на Кинотека, која што ќе биде пропратена со излагање на сценаристот на филмот, проф. д-р Ристо Солунчев, на тема „Македонска музичка епистема“
„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Биро за проверка“ на современиот руски писател Александар Архангелски, во превод од руски на македонски јазик на Ленче Тосева
Под мотото „УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА“ од 1 до 7 јуни 2021 ќе се одржи реномираниот фестивал за современ танц „Танц Фест Скопје 2021“. По 17 – ти пат, ќе се танцува на повеќе сцени во Скопје, а за прв пат една од претставите ќе биде одиграна и во Домот на културата во Тетово
Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Светулки“, според текст на хрватската авторка Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова
„Вонсериско издание“ – оценува лондонски „Сандеј Тајмс“ образложувајќи го својот избор за албум на неделата!
Директорот на Центарот за култура во Кичево Мазлам Османи најави дека во следните три дена во Кичево ќе се случат два музички настани, што според него, е добра увертира дека во претстојниот период културното живеење во градот ќе се подигне на повисоко ниво
Две балетски дела од данскиот кореограф Аугуст Бурнонвил, инспирирани од Франција и Шпанија, ќе бидат изведени на балетскиот концерт насловен „Романтична балетска вечер“ кој ќе биде изведен вечер од 20 часот во Националната опера и балет
„Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“ се четири психолошки прирачници за деца од авторката и психолог Христина Стефановска, кои ќе бидат промовирани вечер од 19 часот на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“
Културно-информативниот центар-Скопје вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „Незадоволна” од Ксенија Николова на издавачката куќа „Култура“
Читателската публика може да го прочита најновиот 17-ти роман на тетовскиот писател Јован Дамјановски, насловен „Отпадот од духовните контејнери“, кој неодамна излезе од печат.