Во Чифте ама денеска ќе биде отворена изложбата „Нови правила“ на косовската авторка Заке Прелвукај. Изложбата, која е во организација на Националната галерија на Република Македонија, за посетителите ќе биде достапна до 31 мај 2021 година
Во Изложбениот салон – Империјал 1 во КИЦ – Скопје вечер ќе биде отворена изложба од ликовниот уметник Росица Лазеска што ќе трае до крајот на месецов. На изложбата ќе бидат изложени 30 дела работени во техниките: туш, колаж, пастел и пенкало, создадени последниве три години
Во Музејот на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата „На Срем“ на која ќе бидат поставени над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот
Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распиша Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2021 година. Наградата, традиционално на ова четврто издание на манифестацијата, се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).
Во Музејот на тетовски крај од денеска поставена е изложба на карикатури „Ковид-19“ од авторот Мирослав Георгијевски-Миро, по повод 78 години од загинувањето на учесникот во Народно ослободителната војна Иљо Антески-Смок и Денот на музеите – 18 Мај
Во пресрет на 18 Мај – Меѓународен ден на музеите, денеска Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ги објави добитниците на годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност во текот на 2019 и 2020 година
Во издание на Општина Куманово од печат излезе зборникот „Навраќање кон Конески“, што го приредија Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист
Од денеска до 23 мај ќе се реализира 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“
Во организација на домот на културата ,,Драги Тозија” вечер во ресенскиот Сарај ќе бидат доделени наградите од литературниот конкурс ,,Волшебниот свет на книгата”
Македонскиот поет Михајло Свидерски е годинашниот добитник на наградата „Лирата на Орфеј“ на престижниот меѓународен поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија.