Британската поетеса и драматург Керол Ен Дафи е овогодинашна добитничка на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска амбасадорката на Македонија во Париз и претставник во УНЕСКО, Јадранка Чаушевска-Димов. Амбасадорката во текот на одбележување на 100-годишнината на раѓањето на Блаже Конеси, официјално ги објави имињата на лауреатите на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата” и на наградата „Мостови на Струга“.
Меѓународно чествување на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање, а во знакот на Светскиот ден на поезијата што Република Северна Македонија го одбележа во УНЕСКО, денеска се одржа во Париз.
Филмот„Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски, во кој Македонија е носител на проектот, како и филмовите и копродукциите „Живи и здрави“ и „Долината на Шарко“, во кои има македонско малцинско копродуцентско учество, се поддржани од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж, на првата сесија во 2021 година.
Во рамки на едицијата „Приказни што нè обединуваат“, излезе од печат книгата за деца „Славната инвазија на мечките на Сицилија“ од Дино Буцати. Книгата е во издание на ПУБЛИШЕР, а е збогатена со илистрации од самиот автор.
Група од 17 издавачки куќи, организации и здруженија во Тетово одржаа прес-конференција на која истакнаа повеќе барања до властите поради нивно незадоволство од распределување на средствата од Програмата за култура 2021 финансирана од Министерството за култура.
Промоција на книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“
ЕУРОДРАМ – Европската мрежа за современа драма и превод ги соопшти резултатите од изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2021 година, меѓу кои се и три преводи на македонски јазик. Меѓу 343 пријавени преводи од цела Европа, наградени се македонските преведувачи Атанас Вангелов, Катица Гароска Ацевска и Благоја Бошковски
Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска ќе се одржи чествување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески. Настанот е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО
Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, утре ќе се одржи настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, јубилеј кој е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО
Со изложбата „Портали 2021“ во Галеријата на Културно-информативниот центар, Музеј на Град Скопје и Град Скопје денеска ја почнуваат манифестацијата Европски ден за уметничка креативност од проектот CreArt (NetworkofCitiesforArtisticCreation) во која од 2017 година, Град Скопје е еден од 11-те вмрежени градови од Европа