Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски утревечер во 20:30 часот ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата HBO Go, на каналот Cinemax 2. „Врба“ ќе биде емитуван повеќе пати во 18 земји во текот на 2021 и 2022 година
Наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“ синоќа беа официјално соопштени во мултимедијалниот центар Мала станица, каде што еден месец е поставена изложба на делата од уметниците финалисти на манифестацијата
НУ Центар за култура-Битола со поддршка од Министерството за култура почна со замена на старата дотраена дограма, врати и друга инсталација
Работната група на идни професионалци при Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) денеска организира вебинар преку платформата ЗУМ на тема „Дигитализација на културното наследство: Примена на дигитални алатки за документација, презентација и интерпретација на археолошкото наследство во Р Македонија“
Оркестарот на Филхармонија вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустичната симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска
Националната опера и балет вечерва со почеток во 19 часот ќе го одржи балетскиот концерт насловен „Романтична балетска вечер“
Во издание на „ВиГ Зеница“ деновиве излезе од печат поемата „Бдеења Блажеви“ со поднаслов „Пеења до потомците“ од писателот Томислав Османли.
Со цитирање на дел од поетските зборови кои оставија длабок печат врз македонската поезија напишани од перото на македонскиот поет Анте Поповски, денеска во Спомен собата на браќата Миладиновци се одржа чествување на неговиот лик и дело по повод 90 години од раѓањето.
Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска се одржува тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.
Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, со почеток во 12 часот на платформата Зум