Неодамна завршија археолошките истражувања на локалитетот Велушка Тумба кај Породин. Овие истражувања се во соработка меѓу Завод и музеј – Битола и Центрот за истражување на предисторијата, а во нив учествуваат и Универзитетот во Базел и Институтот Биосенс, кои изведуваат археоботанички и геоархеолошки анализи
Објавен е зборникот на трудови Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско во издание на Институтот за македонска литература од Скопје
Од вчера повторно е отворено за публика Летното кино, кое беше затворено поради неколкудневниот период на силни дождови и променливо време што ги зафатија Скопје и поголемиот дел од државата, информираат од Кинотека
По синоќешниот концерт на маестро Кемал Гекиќ, музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот настап на дуото 4 раце на пијано со уметниците Јулија Коќубан од Полска и Илја Максимов од Русија
„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Вовед во кинеската култура“ од авторите Је Ланг и Џу Лиангџи, монографија за кинеската култура – од почетоците на кинеската цивилизација и големите пронајдоци на древна Кина до денес. Книгата дава детален вовед за одредени специфични особености и акценти на кинеската култура, односно духот и суштинските вредности на кинеската култура
Со добро одбрани композиции на Рахмањинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика кои вчера беа дел од публиката на „Охридско лето“, соопштија организаторите на фестивалот
Првото издание на „Flipbook Film Festival“ ќе се одржи од 11 до 13 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм
Културно – уметничкото друштво „Илинден“ од Битола годинава одбележува 65 години од основањето, а свеченостите посветени на јубилејот ќе бидат реализирани со ревија на народни носии и концерт
Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик
Сцената на катедралната црква „Света Софија“ за вечер е резервирана за солистичкиот концерт на познатиот пијанист, маестро Кемал Гекиќ