Со инструментална изведба на орото „Комитско“ и со целовечерен концерт на Ансамбл „Македонија“-Скопје, синоќа во Битола почнаа вечерите на традиционална музика и песна, на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
Инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски, за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, констатираше дека се неосновани.
Претставата „Не ми го чепкај пивото“ вечер премиерно ќе биде изведена на сцената во Куршумли ан со почетокот од 20:30 часот, во рамки на овогодинашното Скопско културно лето во режија на Ѓорѓи Ризески
Ансамбл „Македонија“-Скопје во битолскиот Музеј презентира изложба со наслов „Традиционални носии од Балканот“, културен настан кој е во рамки на јубилејното издание на Фестивалот „Илинденски денови“
Кинотека денеска соопшти дека временските (не)прилики изминативе денови ги одложија проекциите на три филма од циклусот посветен на Чарли Чаплин под отворено небо во дворот на Кинотеката
Изложба „1000 години Бигорски манастир“ во која се преставени 17 икони-копии, две фрески и една плаштеница од Бигорски манастир синоќа беше отворена.во Битола во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“
„Трновитиот пат на очајниците“ е стихозбирката на поетесата Славјанка Љуткова што денеска беше промовирана пред споменикот на загинатите борци од Граѓанската војна во Грција, во Велес, каде се наоѓа и бистата на Мирка Гинова. Настанот е во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“.
Академскиот уметник Никола Упевче во рамки на неговата самостојна изложба што до 7 август е поставена во Лапидариумот на Куќата на Робевци во Охрид, од среда ќе одржува и работилници за мозаик, организирани за поедеинци и за помали групи лица заинтересирани за тој вид уметност
„МКЦ за Скопје“ е насловен мултимедијалниот настан кој вечер ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес
Јубилејното издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ продолжи со изложба на фотографии „50 години традиција“ која синоќа беше отворена во НУ Центар за култура-Битола