Во општина Струмица се организираат голем број настани од културата, но тие малку се посетени од публиката, истакна Бранко Бенинов, актер и член на Здружението за култура и уметност „Сцена“ од Струмица на синоќешна панел-дискусија.
Тетовскиот театар во соработка со Факултетот за уметност на Универзитетот во Тетово вечер од 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Приказна од зоолошката градина“ по текст на американскиот драматург Едвард Олби во режија на Гент Чајани
Новиот, 19-ти број на меѓународната ревија за литература, култура и уметност „Бранувања“ е посветен на десетгодишнината од постоењето и активностите на литературната ревија и на манифестацијата Струшки книжевни средби
Во Изложбениот салон-Империјал 1 вечерва ќе бидат промовирани книгите „Стварно не знам каков наслов” од Линдита Кадриу и „Мејлови” од Арлинда Зимери и Линдита Кадриу
На Правниот факултет на Штипскиот универзитет денеска ќе биде промовирана книгата „Ранохристијанската архитектура на источните области на Република Македонија“ од професорот на Факултетот за образовни науки, Трајче Нацев
НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг
Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот ќе биде изведена премиерата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу, во рамки на одбележувањето 30 години од Кадифената револуција
Во Центарот за иновации „Јавна соба“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Внатрешната градина” на визуелниот уметник Стефан Шашков
Од 8 ноември 2019 претставата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел ќе биде на репертоарот на МНТ. Билетите се пуштени во продажба онлајн преку https://mnt.mk/online/index.php?id=409 и на билетарницата во МНТ.
Списанието за култура и книжевност „Акт“ во 66-тиот број донесува повеќе литературни прилози, а воведниот текст на главниот уредник Братислав Ташковски е посветен на бугарскиот поет Љубомир Левчев, кој почина во септември