Во Центарот за култура во Крива Паланка синоќа се одржа концерт на групата „Фолтин” која прв пат настапи пред кривопаланечката публика. Концертот е дел од проектот на „Фолтин“ за промоција на целокупниот репертоар на групата од сите осум албуми создадени во текот на 25-те години постоење, поддржан од Министерството за култура во рамки на програмата „Нов културен бран 2019″
Министерот за култура Хусни Исмаили кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, синоќа во Музејот на уметноста присуствуваше на настанот на кој беше претставено творештвото на повеќе македонски автори во рамки на 38. Меѓународен саем на книгата во овој град
Концертот на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово што се одржи вчера е наша главна активност во насока на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство, порачаа од Здружението
Во чест на долгогодишниот член на групата „Распеани Валандовчани“ Леонид Манчев, кој почина минатата година,се одржа меморијалниот концерт ,,Пееме за Леонид“ на кој покрај распеаните валандовчани со сопствен репертоар настапија и неколку пензионирани членови на групата
Здужението на Срби и Македонци-културно уметничко друштво „Бранко Чајка“ од Тетово вечерва ќе се претстави со концерт пред домашната публика
Со отворање на изложбата „Книги: историја, иднина“ чиј организатор е Македонско научно друштво, синоќа во Битола почнаа манифестациите посветени на празникот на градот, Денот на ослободувањето 4-ти Ноември
Факултетот за драмски уметности вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „ТВ БОКС Теоретски прилози и филмско сценарио“ на режисерот Златко Славенски (1966-2019), кој беше и драматург и професор на ФДУ по предметот Театарска режија
Комедијата „Слуга на двајца господари“ според италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов вечерва ќе биде премиерно изведена на на Големата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес
Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски „Врба“ вечерва премиерно беше прикажан пред македонската публика, неполни две недели по светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим
Изложбата на 35 фотографии од Влатко Деков насловена „Прага интима” вечерва беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци