Документарни раритети како што е најстарата руска ракописна книга„Остромирово Евангелие“, првиот руски законик „Руска правда“, Родословот на московските кнезови од 17 век, документи потпишани од Ленин и Сталин, документите за формирањето на СССР и неговото прекинување, се до Федералниот уставен закон од март 2014 година за прифаќање на Република Крим и градот Севастопол во состав на Руската Федерација
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар од 3 ноември до 8 ноември ќе се одржи Меѓународниот театарски фестивал „Отело“
Со премиера на филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски, на 7 ноември во кино „Милениум“ ќе биде отворен 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“
По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија БТВ
Во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена комедијата „Слуга на двајца господари“ од италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Катар, Хамад Јасим Ал-Махмуд, на која беа разменети информации за досегашната соработка меѓу двете земји и нагласени заложбите за интензивирање на културните врски, што би се постигналo со поголемо ангажирање и иницијативa од двете страни, соопшти Министерството за култура
Во кафе-галеријата „Концепт 37“ вечер од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Виолета Николова-Виле, насловена „Вечни музи (Eternal Muses“), која ќе претстави апстрактен урбан експресионизам, масло на платно
Библиотеката „Ал-Би“ од демирхисарското село Бабино промовира Водич низ културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар
Факултетот за драмски уметности во Скопје вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одбележи 50 години постоење. За јубилејот е подготвен перформансот „Живот за еден сон“ на кореографката и професорка на ФДУ Невзати Кренаре, со што воедно ќе почнат и 28-те интернационални студентски средби „Скомрахи 2019“
Жителите на Тетово останаа неинформирни дека во градот вчера гостуваше најпознатиот национален ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“