Шестиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе има македонска премиера на 1 ноември, откако ја имаше светската на 19 октомври на Филмскиот фестивал во Рим
Министерот за култура Хусни Исмаили на вчерашната владина седница предложил заклучоци и информации во врска со скопскиот Аквадукт, односно побарал да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство
По повод одбележувањето на 40-годишнината од доделувањето на Нобеловата награда на големата хуманистка и добротворка, светицата Мајка Тереза и успешниот проект „Истражување на животот и делото на Мајка Тереза во архивите на Луцерн и Женева, Швајцарија“, министерот за култура Хусни Исмаили денеска ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза и од страна на директорот Ариан Асланај беше информиран за нејзините активности
Единаесет настани ќе бидат одржани на 20. Есенски музички свечености кои ги организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС). Ќе бидат отворени утревечер со концерт на Филхармонијата, на кој солист ќе биде германскиот виолончелист Николас Алштед, еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена
На една од зградите во средината на градското шеталиште во Гевгелија се изработува мурал чиј идеен автор е гевгелискиот уметник Миле Ничевски
Документарниот филм „Театарот во Скупи“ ја имаше својата интернационалната премиера на 30-то издание на реномираниот Меѓународен фестивал на археолошки филмови, што се одржа во италијанскиот град Роверето
Во Галеријата „КО-РА“ во Скопје вечерва ќе се одржи стрип-изложба „Скопска стрип акција 2019“ на која ќе бидат изложени подобрите стрип дела од македонските автори од меѓународниот конкурс на стрип „Велес 2019“, а ќе се врачат и наградите на македонските автори
Македонската режисерка Теона Стругар Митевска, која неодамна постигна извонреден меѓународен успех со „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е една од говорничките на вечерашниот Пичприч во Велес, кој ќе се одржи во театарот Јордан Хаџи-Константинов – Џинот
Изложба на детски цртежи ќе биде свечено отворена денеска во НЛБ Галеријата во Скопје по повод НЛБ месецот на штедење
Македонскиот народен театар в петок (1 ноември) ќе гостува во Црногорско народно позориште во Подгорица со претставата „Еден месец на село“ од Тургењев во режија на Паоло Маџели.