„Матица македонска“ вечер ќе го промовира романот „Абафи“ на унгарскиот писател Миклош Јошика
Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје, до 15 ноември го организира проектот „Европски филм за млада публика“, во рамки на кој ќе бидат прикажани три европски филмови во пет градови во земјава. Денешната проекција е во Неготино, а се продолжува во Струмица, Кавадарци, Гевгелија
Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Орестија 1/4“ во режија на Ивица Димитријевиќ, според авторски текстови и по „Орестија“ на Ајсхил
Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот концерт ќе одржи триото „Аура“ кое го сочинуваат флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски
Од денеска до 2 ноември на повеќе локации во Скопје ќе се одржува Фестивалот за современа музика и експериментална уметност „Десононанс“.
Музејот на Град Скопје од денеска до 23 ноември ќе гостува во Подгорица со изложбата „Една слика за темната страна на римската историја, Скупи – гробница со масовно погребување/архео – антрополошка и форензичко – антрополошка презентација”
Во киносалата во Делчево синоќа во интерпретација на тенорот Влатко Груевски и пијанистот Андреј Наунов, љубителите на музиката имаа можност да присуствуваат на вечерта на македонски евергрини насловена „Музичка кутија“ во Делчево
Со проекцијата на филмовите „Нефер свет“ на Филипос Цитос и „Поликсени“ на Дора Масклавану денеска завршува годинашното издание на Фестивалот на грчки филм и култура
Со проекција на играниот филм „Каде е куќата на мојот пријател?“ на режисерот исценарист Абас Кијаростами, вечер во Битола завршува Неделата на ирански филм
Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, по повод месецот на книгата, распиша конкурс за најдобара необјавена песна за деца и возрасни. Конкурсот се распишува во две категории: најдобра песна за деца на македонски јазик и најдобра песна за возрасни на македонски јази