Стотина пациенти на Заводот за нефрологија во Струга со бубрежни заболувања биле заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а 16 од нив ја загубиле битката со вирусот.
Со поддршка на Министерството за култура, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево ќе го „оживува“ културниот живот во градот.
Од петокот, во Кичево тече имунизацијата на постарото население со планираната динамика од 50 лица во еден ден, од друга страна, се влошува состојбата со новозаболените, кои со потешка клиничка слика се хоспитализираат во модуларниот ковид центар а и смртноста е во пораст, потврди Д-р Неџат Балажи
Во Домот на културата во Валандово во тек се активности за изработка, уредување и регистрација на археолошка збирка која ќе биде од суштествено значење за селектирање и презентирање на археолошко културолошката вредност од локалитетите во општината
Во Ковид-центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, пополнет е капацитетот од 20 болнички легла
Во штипскиот ковид-центар слободни места има за седум пациенти. Во модуларната болница се хоспитализирани 42, а на Инфективното одделение 53 пациенти
Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за април, а исклучок се реките Пчиња на мерните места кај Пелинце и Катлановска Бања и Струмица кај Сушево каде нивото е малку повисоко од просечното
Нов бран од врнежи од дожд ќе почне утревечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи
Во пунктот за вакцинација во Здравствениот дом во Велес во поранешната Ушна амбуланта досега се вакцинарани 151 лице над 77 години со вакцината на „Астра Зенека“. Како што информира за МИА, д-р Кевица Клифова вакцинацијата се одвива без проблеми
Над 2000 слободни места нудат кумановските средни училишта за учениците кои годинава ќе се запишат во прва година во едно од петте средни училишта во Куманово