Според информациите од РЦУК Велес, пожарот вчера горел на непристапен терен, а од утрово е проширен и од пет часот во неговото гаснење била вклучена екипа од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, а од седум часот им се приклучила уште друга екипа
Вкупно девет лица биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.
Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија иницира прашања како тој е заштитен и зошто имало безбедносни пропусти на Тајната служба.
Стотина припадници на Армијата и два хеликоптера МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ од раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнале со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.
Најмалку шест лица вечерва се хоспитализирани со симптоми на труење од храна на Инфективното одделение во Општата болница во Гостивар, јави дописникот на МИА од Гостивар.
Алармантна е состојбата со пожарот на Серта, оценува Кризниот штаб Неготино и бара од Владата да прогласи кризна состојба.
Центарот за управување со кризи вечерва информира дека дел од пријавените пожари се уште се активни и според проценката на пожарникарите, нивни екипи вечерва ќе останат на терен.
За само еден ден опожарени се над 100 хектари ниско стеблеста, дабова шума и мал дел на борова шума на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево, изјави за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Благој Ренџов.
Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, незвозможно е пожарот да се стави под контрола без воздушна поддршка, бидејќи се работи за тешко пристапен терен.
Во Бигорскиот манастир со празничко богослужение се одбележува празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле.