Општина Куманово одвои 622.660 илјади денари со вклучен ДДВ за набавка на триесет и три лаптоп компјутери за потребите на советниците од Советот на Општина Куманово информираа денеска од одделението за јавни набавки од општина Куманово
Сообраќајот на магистралниот пат Кочани-Виница од 13:30 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ
Сообраќајот на делницата Дебар-Жировница, патен правец, Дебар- Маврово, кај селото Долно Косоврасти е нормализиран, откако со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, пополнет е со песок а во еден дел и бетон кратерот кој се појави на коловозот
Скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка“ ќе се отвори на 15-ти декември 2021 година (среда), со почеток во 9:00 часот. Среда и четврток се бесплатни денови за скијање и користење на ски – лифтовите и жичниците во Ски – центарот
Општина Куманово обезбеди грант средства преку долгорочно задолжување преку Светска банка со кои ќе набави опрема за одржување, складирање, транспорт и изнесување на смет, одлучија советниците на последната седница на советот на општина Куманово
Водата полека се повлекува од триесетината објекти и голема површина земјиште кои од вчера се под вода на влезот во селото Турново, во Општина Босилово
Снегот кој во саботата наврна во земјава им создаде многу неприлики на селаните од повеќето рурални средини во Кичевско, бидејќи дел од селата имаат тешко проодни патишта, а десетина села останаа без електрично напојување три и повеќе дена
Во текот на наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието
Голема карпа се урна на пешачката патека покрај реката Брегалница. Свлечиштето се појавило синоќа околу 22 часот и не е безбедено да се поминува и пешачи на патеката од населбата Ново Село до фитенс зоната
Пониско е нивото на реките денеска во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи