Врнежите од снег предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку села и во дел од градските населби во кочанскиот регион
Расте интерсот, пред се кај повозрасната популација во општините Дебар и Центар Жупа, за имунизација со трета доза вакцина против Ковид-19
Надлежните институции од Куманово будно ја следат состојбата со водостојот на реките во регионот
Продолжува нестабилната состојба со одроните на магистралата А3, која е дел од патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Во моментот зафатена од поголем одрон е делницата кај село Илиово. Раководителот на Македонија пат, Влатко Цоневски информира дека дел од овој одрон е исчистен, а на пат е механизација за истиот целосно да биде отстранет
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Гевгелија од денеска ќе почне да се украсува без распишување тендер и без дополнителни трошоци затоа што е одлучено да се користат елките и украсите со кои располага општината, без да се трошат дополнителни средства од буџетот
-Реката при секои поголеми дождови се излева во атарот на Општина Босилово, на влезот во селото Турново. Голема е штетата и според нашите први проценки е на 50 илјади евра, рече Тимовски.
Снегот кој во саботата изутрина заврна во кичевскиот регион, создаде многу проблеми во електро-дистибутивната мрежа и во одвивањето на сообраќајот, како локално така и на меѓуградски релации.
Веќе трет ден 14 села во Поречието во Македонски Брод со околу 400 жители се без елекрична енергија поради големите оштетувања на далноводот. Што се однесува до состојбата со снег и проодноста, нема завеани села и екипите и денеска се на теронт и расчистуваат.
Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија водостоите на водотеците и суводолиците во земјава
За 121 сантиметар утринава е повисок водостојот на реката Пчиња кај Катланово, а за 60 сантиметри на Вардар кај Демир Капија, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи