Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани претпладнево имаа нова интервенција за гаснење пожар на истата локација кај Фабриката за вода, каде што вчера попладне интервенираа во локализирањето на огнената стихија
По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа
Од утре до 7 август поради реконструкција на коловозна конструкција, на пат Р 2332 Царина-спој со Р 1301 Охрид-Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај на сите моторни возила, соопштија од ЈП Македонија пат
Здравствениот дом во Македонски Брод од денеска ќе врши вакцинација со „Фајзер“ на лица помлади од 45 години и од 12 до 17 години. Ова воедно ќе биде и прва употреба на „Фајзер“ во овој град, каде досега жителите се вакцинираа со „Синивак“ и „Астра Зенека“
Привршува реконструкцијата на објектот на поранешниот хотел Солун во Куманово, информираа денеска надлежните од општината
Од УХМР најавуваат дека следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи
Обновен е коловозот кај селото Покрајчево во Општина Радовиш, од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат во должина од 500 метри. Овој локален патен правец беше оштетуван во поплавите во 2008, 2013 и 2015 година и досега граѓаните од ова населено место сообраќаа по оштетениот пат
Туристи од западна Европа, деновиве зачестено со своите возила застануваат на станицата за полнење електрични автомобили во Битола
На регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) од 24 јули ќе почне рехабилитација на коловоз гребење и асфалтирање, информираат од ЈП Македонија пат